Славчо најавува сончево време и за некој степен повисоки температури

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло преку ден со умерена локална облачност. Во претпладневните часови во североисточните предели ќе има услови за локално и слабо провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието и на исток повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Повремено ветерот ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа во следните денови под влијание на стабилна и сува воздушна маса, времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Минималните температури сеуште ќе бидат ниски и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе бидат во позначителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + 2 =