Славчо најавува сончево време, за викендов променливо и облачно, од понеделник поинтензивни врнежи од дожд

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен веѕер од југоисточен правец, температурата на воздухот ќе се искачи до околу 12 степени.

Потоа за време на викендот локално ќе има нешто повеќе облачност кога ќе има услови за слаб локален дожд, особено утре и тоа во западните предели. Максималните температури ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени. Нови поинтензивни врнежи од дожд, и снег на планините и тоа под влијание на нов влажен бран се очекуваат од понеделник кога ќе дува и умерен, долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four − three =