Славчо најавува сончево време, во текот на ноќта дожд и ветер

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во текот на ноќта локално ќе има повеќе облачност кога ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој долж повардарието ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, попладне и навечер со умерена облачност. Во текот на ноќта ќе има позначителна облачност кога ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 23 степени.

Во текот на следните денови времето ќе биде претежно стабилно и се потопло и тоа под влијание на значително потопла воздушна маса од југ. Исклучок ќе биде среда кога во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој повремено ќе засилува на некои места. Температурите на воздухот особено од четврток ќе бидат во голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × one =