Славчо најавува снег – температурите од 4 до 13 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта од запад ќе започнуваат врнежи претежно од снег. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала, а попладне и навечер со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.

Потоа во текот на утрешниот ден врнежите од снег ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Само на некои од ниските места повремено ќе има врнежи од дожд и од снег. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините истата значително ќе се зголеми. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени. Локални врнежи претежно од снег ќе има и во среда, и тоа особено во јужните и во југоисточните предели, додека од четврток па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво.

Наутро температурите повторно ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени во крајните југоисточни предели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

1 × five =