Славчо најавува снег, облачно и студено време

image

You must need to login..!

Опис

Под влијание на влажна и студена воздушна маса денес времето во Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи претежно од СНЕГ. Само на некои од пониските места, и тоа особено во Повардарието и во југоисточните предели врнежите ќе бидат од дожд и снег. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, и тоа во северните и во западните предели од 5 до 10 сантиметри, на некои места и до околу 20 сантиметри, додека на планините истата ќе се зголемува. Ќе започне да дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 6 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи претежно од снег, каде се очекува формирање на нова снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 3 степени.

Потоа од утре па натаму следува период на претежно стабилно и суво време со повеќе сончеви периоди. Исклучок ќе биде честврток кога ќе има услови за локално провејување на снег, а ќе дува и засилен ветер од северен правец. Наутро повторно ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

four × 4 =