Славчо најавува променливо облачно и студено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Особено во јужните и во југоисточните предели ќе има услови за локални послаби врнежи претежно од снег. Максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа услови за локално провејување на снег ќе има и во текот на утрешниот ден, а ќе дува и засилен ветер од северен правец. Од петок па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу повеќе сончеви периоди. Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fifteen + 12 =