Славчо најавува променливо облачно и многу студено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Особено во планинските предели локално ќе провејува снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 3 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 0 степени.

Потоа утре и понатаму ќе се задржи многу студено и претежно сончево време. Особено долж повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро температурите ќе бидат ИСКЛУЧИТЕЛНО НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -17 до -6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 3 степени.

Пораст на температурите се очекува од среда па натаму, кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени, а времето и понатаму ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена локална облачност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

four × 2 =