Славчо најавува променливо облачно и студено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и студено со сончеви периоди. Услови за локално и слабо провејување на снег ќе има во петок и во сабота. Ќе дува умерен, а долж повардарието засилен ветер од северен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

13 − 12 =