Славчо најавува променливо облачно и студено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Претпладнево особено во јужните предели ќе има услови за локално провејување на слаб снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Услови за повремени слаби локални врнежи од снег ќе има за време на викендот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

sixteen + six =