Славчо најавува променливо облачно и релативно топло време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Претпладнево по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Во Скопје и околината претпладнево ќе има појава на ниска облачност, додека во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Потоа до крајот на оваа недела ќе имаме променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за сосема слаб и локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат релативно високи и НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината, и истите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, додека за време на викендот понекаде температурите ќе се искачат дури до околу 25 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × three =