Славчо најавува променливо облачно и студено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината. Ќе дува и умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Особено во текот на утрешниот ден ќе има и повремени локални врнежи од снег. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите понекаде ќе се спуштат дури и до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nineteen + nineteen =