Славчо најавува променливо облачно време со температури до 34 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со малку пониски температури за разлика од вчера и со сончеви периоди. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можна е и локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.

Потоа за време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Утре повторно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Повремено ќе има услови за локална и попладневна нестабилност, а температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.

УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five × 5 =