Славчо најавува променливо облачно време со сончеви периоди – температурите од 6 до 15 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а особено долж повардарието засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени.

Потоа утре и во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утре се уште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека во сабота полека облачноста ќе се зголемува. Нов влажен бран од запад нашата територија ќе ја зафати во текот на ноќта сабота кон недела и во недела и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и снег.

Што се однесува до температурите, минималните на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

19 − fifteen =