Славчо најавува променливо облачно време со сончеви периоди

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, подолги во источните предели. Повеќе облачност ќе има во западните предели каде ќе има повремени локални послаби врнежи од дожд и од снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините.

Во текот на ноќта услови за провејување на снег ќе има и во северните предели. Ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 7 степени.

Потоа утре претпладне сеуште ќе има услови за локално провејување на снег. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Во среда и во четврток претпладне ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека нов влажен и студен бран се очекува во четврток попладне и во петок и истиот ќе услови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и од снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, додека наутро истите насекаде ќе се спуштаат под нулата и ќе се движат во интервалот од -9 до -1 степен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fifteen − fifteen =