Славчо најавува променливо облачно време со локални врнежи од дожд

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините ќе има врнежи од снег а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Ветерот на некои места повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Потоа под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, за време на викендот времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка позначително ќе се зголеми. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2). Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Постабилно и релативно суво време ќе имаме во почетокот од следната недела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five × 1 =