Славчо најавува променливо облачно време со сончеви периоди

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени.

Потоа за време на викендот ќе имаме сончево време, во текот на утрешниот ден со појава на умерена облачност, и тоа особено во претпладневните часови. Исто така утре ќе дува и слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Наутро ќе биде релативно студено, и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Ново зголемување на облачноста, кое на повеќе места ќе донесе врнежи од дожд се очекува во почетокот од следната недела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × one =