Славчо најавува променливо облачно време со сончеви периоди

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а особено во четврток во западните предели ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека во четврток кон крајот на денот и навечер, како и во петок и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Наутро и понатаму ќе биде релативно студено, и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen + 6 =