Славчо најавува променливо облачно време со сончеви периоди

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Потоа до крајот на оваа недела времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а услови за локален дожд ќе има во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоистоичен правец. Наутро и понатаму ќе биде студено и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 5 =