Славчо најавува променливо облачно време со сончеви периоди

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе започне да дува умерен, а долж повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец, со што од север ќе започне да се спушта постуден воздух. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Потоа во следните денови ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, локално ќе има и позначителна облачност а утре и тоа особено на југоистокот ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој утре повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатите денови, и наутро понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + five =