Славчо најавува променливо облачно време и натпросечно топло со сончеви периоди

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени.

Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови и за слаб локален дожд. Утре попладне ќе започне да дува умерен, а долж повардарието засилен ветер од северен правец, со што од север ќе започне да се спушта постуден воздух, па така и температурите од среда, па натаму ќе бележат тенденција на опаѓања и минималните понекаде ќе се спуштат до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + 1 =