Славчо најавува променливо и постудено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Особено во источните предели ќе има позначителна облачност каде ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен, долж повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен ветер од северен правец. Повремено ветерот ќе засилува на интензитет, максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со подпросечни температури на воздухот. Повремено ќе има услови за послаби локални врнежи од дожд и снег. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + eighteen =