Славчо најавува променливо и облачно време со локални врнежи од дожд

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, на планините ќе провејува слаб снег. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 7 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност, додека во попладневните часови облачноста ќе се зголемува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа утре и во среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег. Во овие два дена локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог, додека на планините снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од јужен и од југоисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува, додека во среда особено Долж Повардарието ветерот ќе биде од северен правец и повремено ќе биде засилен по интензитет. Температурите на воздухот во овие два дена ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Од четврток повторно времето ќе биде стабилно, суво и потопло.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + twenty =