Славчо најавува променливо време со сончеви периоди – викендов дожд и снег на планините

image

You must need to login..!

Опис

Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено на планинските места ќе има услови за провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа за време на викендот, како и на почетокот од следната недела под влијание на нов влажен бран, се очекуваат нови врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Локално врнежите ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ а снежната граница повремено има услови на некои места да се спушти и под 1000 метри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven + 9 =