Славчо најавува променливо време со сончеви периоди – попладне дожд, засилен ветер и услови за појава на град

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално и тоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа до самиот крај на оваа недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално и тоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − 12 =