Славчо најавува променливо време со пороен дожд во попладневните часови

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално и тоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 28 степени.

Потоа до недела во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Стабилизирање на времето се очекува на самиот почеток од следната недела. Температурите ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − one =