Славчо најавува променливо време со значително повисоки температури

image

You must need to login..!

Опис

Времето денес во државава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во западните предели ќе има услови за повремени послаби врнежи од дожд и снег на планините.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека максималната дневна температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Понатаму следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кој повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

На планините врнежите ќе бидат од снег а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите на воздухот ќе бидат значително повисоки за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − 6 =