Славчо најавува променливо време и дожд за викендов – од понеделник стабилизација на времето

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа за време на викендот повторно ќе има локална појава на нестабилност, особено во попладневните часови проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека од понеделник се очекува постабилно и посончево време. Исто така во недела и во понеделник, особено долж повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × one =