📞 Славчо најавува продор на нов африкански бран

image

You must need to login..!

Опис

Денес, како и во следните неколку денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса која продира од северните предели на Африка.

Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, ветерот особено долж повардарието повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на значителен пораст и особено на средината од оваа недела ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36, 37 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот понатаму ќе бележат тенденција на пораст и особено на средината од оваа недела ќе се искачуваат до околу 35 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen + one =