Славчо најавува претежно стабилно, суво и сончево време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, со умерена локална облачност. Повремено ќе има и нешто повеќе облачност. Исклучок ќе биде утрешното попладне кога локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за локална појава на грмежи. Температурите на воздухот ќе бидат во позначителен пораст, особено од четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × two =