Славчо најавува претежно сончево време и благ пораст на температурите

image

You must need to login..!

Опис

Во текот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од -1 до 8 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа во текот на утрешниот ден ќе се задржи претежно стабилно и суво време, додека од вечерните часови за време на викендот следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на планините. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде за време на овој влажен бран локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. За време на викендот ќе дува и умерен, на некои места засилен ветер и тоа во сабота од северозападен, а во недела од југоисточен правец. Температурите особено за викендот ќе бидат во понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × two =