Славчо најавува потопло време со локален пороен дожд

image

You must need to login..!

Опис

Во текот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд , грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност, во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 29 степени.

Потоа во следните денови ќе продолжи периодот на попладневна локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите на воздухот и понатаму ќе бележат тенденција на пораст и за време на викендот во најтоплите предели се очекува да се искачат до околу 35 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + 7 =