Славчо најавува пораст на температурите, променливото и дождливо време продолжува

image

You must need to login..!

Опис

Во текот на денешниот ден, времето во нашата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови па натаму ќе има појава на локален дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој особено долж повардарието повремено ќе биде засилен. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Мали се условите за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 26 степени.

Потоа утре условите за нестабилност ќе бидат помали, иако не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено на запад. Потоа од недела како и на почетокот од следната недела ќе продолжи периоди на нестабилно време, особено во попладневните часови кога ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Максималните дневни температури, особено за викендов ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 − six =