Славчо најавува: Пеколните горештини продолжуваат и понатаму

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 38 степени.

Потоа и во следните денови ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 41 степен, додека пад на истите ќе има за време на викендот, кога ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen + six =