Славчо најавува облачно и студено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СТУДЕНО на повеќе места со повремени врнежи од снег. Повеќе врнежи ќе има во јужните и во југозападните предели, каде ќе се формира снежна покривка и на пониските места, додека на повисоките и планинските места истата ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за слаби врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа утре и во четврток времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно променливо облачно со сончеви периоди. Особено утре ќе дува и слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Нов влажен бран од запад кој ќе донесе нови врнежи од дожд и од снег се очекува во петок попладне и навечер, како и за време на викендот.

Што се однесува до температурите, минималните ќе бидат доста ниски и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени. Мал пораст на максималните температури се очекува особено од четврток и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

12 − eight =