Славчо најавува облачно и студено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Во попладневните часови, како и во текот на ноќта ќе има локални врнежи претежно од снег. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели од државава.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови, како и во текот на ноќта локално ќе има услови за провејување на снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Потоа утре и понатаму ќе има локални врнежи претежно од снег. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во јужните и во југозападните предели од државава. Од среда пак па натаму следува неколку дневен период на претежно стабилно и суво време.

Што се однесува до температурите, тие особено наутро ќе бидат доста ниски и на некои места ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени. Пораст на максималните дневни температури се очекува од среда па натаму и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

8 − 3 =