Славчо најавува облачно и студено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди, подолги во западните предели. Ќе дува засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец и истиот повремено на некои места ќе достигнува брзина до околу 80 км/час. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено со засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Потоа во следните неколку денови времето ќе биде стабилно и суво со многу повеќе сончеви периоди. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога локално сеуште ќе има повеќе облачност. Максималните температури ќе бележат тенденција на значителен пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eighteen + 20 =