Славчо најавува облачно и студено време – од утре суво и сончево, но со температури до -15 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено. Претпладнево се уште ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа од утре па натаму следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО, и тоа особено утре и во петок кога минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени.

Потопло преку ден ќе биде во петок и за време на викендот, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 12 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

6 − 5 =