Славчо најавува облачно и студено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СТУДЕНО со повремени локални послаби врнежи претежно од снег, додека во југоисточните предели врнежите ќе бидат од дожд и од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа утре претпладне сеуште ќе има услови за слабо и локално провејување на снег, додека од четврток па натаму ќе има стабилизирање на времето. Ќе продолжи да дува умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите пак ќе бидат особено ниски и минималните во четврток и во петок понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 6 степени.

Малку потопло време ќе имаме за време на викендот, кога особено максималните дневни температури ќе бележат тенденција на пораст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

thirteen − one =