Славчо најавува облачно и студено време – температурите од -1 до 7 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи претежно од снег, особено во источната половина од државава, додека во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд. Ќе дува умерен, а долж повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за сосема слабо проврнување на дожд и снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и студено со слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 3 =