Славчо најавува облачно и студено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе се задржи облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд кој особено во југоисточните предели ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На повисоките планини ќе врне снег а ќе дува и умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Потоа за време на викендот ќе се задржи пооблачно време, а утре и тоа особено претпладне ќе има услови за локален краткотраен дожд. Исто така утре и тоа особено долж повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и тоа под влијание на малку потопла воздушна маса од југ, и истите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Повеќе сончеви периоди и уште потопло време ќе имаме од понеделник, кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − 16 =