Славчо најавува облачно и студено време со локални врнежи од дожд и снег на планините

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ПОСТУДЕНО со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени.

Потоа за време на викендот, како и на самиот почеток од следната недела времето ќе биде променливо облачно и релативно суво со сончеви периоди кој на некои места ќе бидат и подолги. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината, и минималните понекаде ќе се спуштаат дури до околу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

12 − eight =