Славчо најавува облачно и студено време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Локално ќе провејува слаб снег, а ќе дува и умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди со услови за локално провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа за време на викендот времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди,и тоа подолги во недела. Утре сеуште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Што се однесува до температурите, тие сеуште ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО НИСКИ за овој период од годината и минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата, и понекаде истите се очекува да се спуштат до околу -15 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени.

Постепен пораст на температурите се очекува од понеделник па натаму, кога и времето ќе биде претежно сончево.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eighteen − 16 =