Славчо најавува облачно и студено време со повремени локални послаби врнежи од снег

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СТУДЕНО со повремени локални послаби врнежи од снег. Ќе дува умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 8 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и СТУДЕНО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа и во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со повремени локални врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и минималните температури понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени, додека максималните исто така ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

6 − five =