Славчо најавува облачно и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со повремени локални врнежи претежно од снег. Само на некои пониски места ќе има услови за врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи ќе има во вечерните и во ноќните часови, и тоа во јужните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, и истиот особено во вечерните часови и тоа долж повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени во најтоплите предели од државава.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Потоа и во следниот период времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Од утре ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и во текот на следните денови минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени, додека на планинските места истите се очекува да се спуштат дури и под -10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот само од -3 до 7 степени во најтоплите предели од државава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

15 − 4 =