Славчо најавува облачно и свежо време со повремен дожд – од среда стабилизирање и пораст на температурите

image

You must need to login..!

Опис

Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и свежо со повремен локален дожд и со услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен локален слаб дожд, додека температурата ќе се искачи до околу 19 степени.

Потоа од среда се очекува стабилизирање на времето со пораст на температурите на воздухот. Истите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 − 3 =