Славчо најавува облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа за време на продолжениот празничен викенд времето ќе се задржи облачно и ДОСТА СВЕЖО со повремени врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Не се исклучува можноста на највисоките планински места и за провејување на СНЕГ. Температурите остануваат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

И во Скопје и околината времето во следните денови останува облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 14 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + thirteen =