Славчо најавува облачно и посвежо време

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот на некои места повремено ќе засилува на интензитет, додека во текот на претпладнево, и тоа особено на југоистокот ќе има услови за слаб локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Наутро ќе биде студено и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × one =