Славчо најавува облачно време – температурите од 18 до 26 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето ќе биде умерено, локално и позначително облачно а ќе има услови и за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се движат во интервалот од 18 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде умерено, повремено и значително облачно а ќе дува и умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурата ќе се искачи до околу 25 степени.

Потоа и во следните денови продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со умерена локална облачност. Повремено и локално ќе има нешто повеќе облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × five =