Славчо најавува облачно време со услови за дожд и снег на планините

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно, а особено во западните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд и снег на планините. Кон крајот на денов и навечер ќе започне да дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од северен правец и истиот ќе услови нагло заладување на времето, со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат особено во западните предели, каде во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините истата ќе се зголемува. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно, додека во попладневните и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Доцна попладне и навечер ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и во делови од Скопската котлина. Максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени.

Потоа утре локално и тоа особено во планинските предели сеуште ќе има услови за провејување на снег, а ќе дува и засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец. Максималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степен. Веќе од среда па натаму времето ќе биде стабилно и суво со повеќе сончеви периоди, додека температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 + 12 =