Славчо најавува облачно време со сончеви периоди, температурите до 13 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Особено на планинските места ќе има услови за локално провејување на снег, додека на пониските места со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе бидер променлвиво облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Потоа утре и во петок ќе се задржи променлвиво облачно време со сончеви периоди и со услови за локални слаби врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. Нов влажен бран кој ќе донесе ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и снег на планините и на некои повисоки места се очекува за време на викендот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × four =